Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека веднаш по приемот на пријавите биле активирани протоколите за постапување во вакви случаи, по што полициски екипи излегле на терен и спровеле детални проверки.

Во текот на денешниот ден, неколку основни и средни училишта во Скопје и Тетово добиле дојави за наводно поставени експлозивни направи. По извршените проверки било констатирано дека станува збор за лажни дојави.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека веднаш по приемот на пријавите биле активирани протоколите за постапување во вакви случаи, по што полициски екипи излегле на терен и спровеле детални проверки.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштуваат од МВР.
