МВР

Осум возила учествувале во сообраќајка на автопатот Штип-Скопје

23.02.2026 14:07

На местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје.

Во сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Скопје, која се случи утринава учествувале осум возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Денеска 23.02.2026, околу 07.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип-Скопје после наплатна станица „Преод“ во насока кон Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила - соопштуваат од МВР.

Во соопштението се вели дека на местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје, а колку лица се повредени во несреќата и за причините најавија дека ќе информираат во текот на денот.