Формиран Совет за иновации знаењето да се претвори во нови работни места
Во Владата формиран Совет за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. Треба да овозможи земјава да се трансформира во конкурентна економија преку знаење, иновации и истражувања, но и да обезбеди координација меѓу сите чинители.

Знаењето да се претвора во нови работни места, порача премиерот на формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. На конститутивната седница, Мицкоски кажа дека Советот ќе биде инструмент на стратешка промена, преку кој науката и истражувањето ќе станат двигатели на економскиот раст.
Советот ќе обезбеди координација меѓу образованието, дигиталната трансформација и економските политики, со цел отворање нови, квалитетни и добро платени работни места.
На седницата усвоена и четиригодишната програма за поттикнување на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото, која, според премиерот е поддршка во реализација на идеите.
Земјава се соочува со промени на пазарот на труд. Треба да се бара зголемување на продуктивноста, токму затоа владата ќе се фокусира кон економијата заснована на иновации.
Борис Грујоски
