Артан Груби уапсен на ГП „Блаце“ па спроведен во истражниот затвор „Скопје“
Заврши бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби. Утринава сам се пријавил на граничниот премин Блаце и оттаму беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Тој се бараше со меѓународна потерница за злоупотреба на службената положба...

„Веднаш штом ги завршам обврските ќе се вратам дома кај семејството“, напиша пред повеќе од една година поранешниот прв вицепремиер Артан Груби откако му беше отворена истрага за проневера во службата. Обврските, очигледно завршиле, па изутрината, сам се предаде на граничниот премин Блаце. МВР го бараше со меѓународна потерница.
Со лисици на рацете Груби, беше спроведен во затворот Шутка. Имал и цимер во ќелијата, а како што рече директорот, бил под надзор на затворската полиција.
Во декември 2024 година, обвинителството отвори истрага за шестмина, меѓу кои и Груби за проневера на 8 милиони евра, пари на државната Лотарија. Како вицепремиер, на владина седница дал дозвола за купување на 2000 апарати за коцкање кои никогаш не биле користени.
Анита Димитријевска – Велковска
