Министерката Јаневска и професорите на маса за Предлог-законот за високо образование
Министерката Јаневска и професорите на маса за Предлог-законот за високото образование. Таа вели дека нивната улога е да создадат интелигенција која понатаму ќе ја развива државата. Главните забелешки од фелата се однесуваат на автономијата на универзитетот, изборот и реизборот во звања...

Низа забелешки од ректоратот на УКИМ за Законот за високото образование. Најмногу на автономијата и на изборот и реизборот во звања. На јавна дебата професорската фела ги изнесе своите ставови пред ресорната министерка Јаневска.
Недоречености и за квалитетот на образованието, дискриминација на одредени факултети
Во соработка со универзитетите го почнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив, изјави министерката за образование и наука Јаневска. Истакна дека сè што работната група смета дека е прифатливо, ќе биде инкорпорирано во новата драфт-верзија на законот, која потоа повторно ќе биде поставена неколку дена на ЕНЕР.
Законот за високото образование е поставен. Потоа оди во владина процедура.
Министерството за образование и наука креираше и посебни две електронски адреси за праќање на забелешки за Законот за високо образование.
Ана Јосифоска
