Кривичен Суд

Куќен притвор и одземање на патната исправа за поранешниот вицепремиер Артан Груби

23.02.2026 22:16

Артан Груби замина дома, спроведен со полициско возило и обезбедување да ја отслужува мерката притвор. Одлуката затворскиот да му беше заменет со куќен, и да му биде одземена патната исправа ја донесе Кривичниот суд на предлог на Обвинителството. Екс-вицепремиерот осомничен за злоупотреби во службата беше уапсен откако сам се предаде на полицијата на граничниот премин „Блаце“ по 14 месеци бегство …

Куќен притвор и одземање на патната исправа, за поранешниот вицепремиер Артан Груби. Според решението на кривичниот суд Скопје, претходно определената мерка притвор, се заменува со поблага мерка, на предлог на Јавното обвинителство, откако осомничениот беше сослушан, во присуство на бранител.

Пред да биде изведен пред судија на претходна постапка, груби беше на речиси шестчасовен распит во скопското Обвинителство. Предлогот за поблага мерка за обезбедување го образложуваат со неговото доброволно пријавување пред органите на прогонот, но и поради тоа што во затворското притворското одделение, не можела да се гарантира неговата лична безбедност.

По 14 месеци бегство, на граничниот премин Блаце беше уапсен поранешниот вицепремиер Артан груби. Тој е осомничен за проневера во службата, односно за проневера на 8 милиони евра од Државна лотарија на Македонија.

За него беше распишана меѓународна потерница.

Истрагата за Груби и уште петмина беше отворена во 2024-та година. Тој е осомничен дека на владина седница, во својство на вицепремиер, дал дозвола за купување на 2.000 апарати за игри на среќа, кои никогаш не биле искористени.

 

Марија Котовска