Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

24.02.2026 08:02

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.