Украина

Четири години од војната во Украина без напредок на фронтот и нови поделби во ЕУ

24.02.2026 08:41

Илјадници жртви, уништена инфраструктура и трилатерални преговори без значаен напредок кон прекин на огнот. Пропадна и обидот на ЕУ да испрати „моќен сигнал“ кон Русија, откако Унгарија стави вето на 20-тиот пакет санкции...

Четири години од војната во Украина-линијата на фронтот речиси непоместена, а дипломатското решение заостанува. Илјадници жртви, уништена инфраструктура и трилатерални преговори без значаен напредок кон прекин на огнот. Пропадна и обидот на ЕУ да испрати „моќен сигнал“ кон Русија, откако Унгарија стави вето на 20-тиот пакет санкции.

„За жал, не постигнавме договор за 20-тиот пакет санкции. Ова е назадување и порака што не сакавме да ја испратиме денес, но работата продолжува“, изјави Каја Калас – висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

Зеленски со критика до Орбан за блокирање на новата помош од ЕУ.

„Се надевам дека колегите како Орбан нема да бидат соучесници на Путин и Лукашенко. Бидејќи за нас, ако тој блокира 90 милијарди што одат на оружје за нас, а тоа не се негови пари, тогаш за нас тој истовремено ќе застане на линија со Путин и Лукашенко“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Полска со став-на Украина и е потребна европска помош, бидејќи ја брани не само својата безбедност и независност, туку и цела Европа. По повод четвртата годишнина од руската инвазија, украински и европски знамиња беа кренати пред Европските парламенти во Брисел и Стразбур како порака за солидарност.