Алпско скијање

Свиндaл најбрз во Вал Гардена

20.12.2013 14:45

Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал победи во супервелеслаломот одржан  во италијанскиот зимски центар Вал Гардена. Со голема резултатска предност Свиндал ја зврши третата „Супер Џ“ трка во сезонава од Светскиот куп, пред Канаѓанецот Јан Худец и Французинот Адриен Тео.

Свиндал ја потврди извонредната форма. На сите делници од престижната  патека во Вал Гардена беше најбрз. Победничкото  време на целта беше 1:35.82 за втор триумф во оваа дисциплина, по успехот  во Лејк Луис. Ова е вкупно  24-та негова победничка радост во трките за Светскиот куп.

На патеката долга 2365 метри едно од своите најдобри остварувања  имаше скијачкиот ветеран од Канада , 32 годишниот Јан Худец. Втор пат во кариерата извозе време веднаш зад победничкото  во оваа дисциплина. Французинот Адриен Тео трет мина низ целта, 5-ти пат обезбедувајќи си место на подиумот во трките од Светскиот куп.

Редоследот на првите 10-мина во Вал Гардена е следниов:

1.Аксел Лунд Свиндал (Нор)  1:35.82

2.Јан Худец (Кан)                          +0.58

3.Адриен Тео(Фра)                       +0.91

4.Кјетил Јансруд(Нор)                  +1.02

5.Ромед Бауман (Авс)                   +1.26

6.Ерик Гуај (Кан)                           +1.37

7.Георг Штрајтбергер(Авс)         +1.52

8.Боди Милер (САД)                    +1.55

9.Криштоф Инерхофер(Ита)       +1.56

10.Јоаким Пухнер (Авс)                +1.59

Во генерален пласман во Светскиот куп води Свиндал со 460 бодови пред Австриецот Марсел Хиршер со 335 и Американецот Тед Лигети со 269. По три трки во „Супер Џ“ лидер е Свиндал со 236, пред Швајцарецот Патрик Куенг со 145 бодови.

Утре „алпинците“ одново ќе се соочат со брзините. На истата патека во Вал Гардена ќе ги испробаат можностите во спуст. Женскиот дел од „белиот карван“ ќе вози спуст  на олимписката патека во  францускиот  зимски центар Вал Д,Изер.