ДЗС: Расте бројот на странски туристи во Македонија, најбројни Турците

12.09.2014 13:57

Спред податоците на ДЗС, бројот на туристи од Турција изнесува 6.913, од Србија 5.742, од Холандија 4.067, Полска 3.744 и од Грција 2.761...

Бројот на странските туристи кои ја посетиле Македонија во јули годинава бележи пораст од 9,9 проценти  во однос на јули лани. Најбројни биле Турците, Србите, Холанѓаните, Полјаците и Грците, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Спред податоците, бројот на туристи од Турција изнесува 6.913, од Србија 5.742, од Холандија 4.067, Полска 3.744 и од Грција 2.761.

Вкупниот број  туристи во јули годинава е 107.231 и бележи пад за 3,9 проценти во однос на јули 2013 година. Во овој период остварени се 478.911 ноќевања, кои во споредба со јули лани бележат намалување од 7 отсто. 

Бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14,1 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.8%.

Во периодот јануари - јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,1 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 2,5 отсто, а кај странските има зголемување за 7,2 отсто.

Во периодот јануари - јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0,7 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 6 проценти, а кај странските има зголемување за 6,3 отсто.