САД
Снежна бура со рекордни врнежи и масовни прекини на струја на источниот брег на САД
24.02.2026 10:24
Снежната бура што го погоди источниот брег на САД продолжува да предизвикува сериозни проблеми, со рекордни врнежи, масовни прекини на струја...

Снежната бура што го погоди источниот брег на Соединетите Американски Држави продолжува да предизвикува сериозни проблеми, со рекордни врнежи, масовни прекини на струја и илјадници откажани летови. Во Род Ајленд и Масачусетс наврнаа до 83 сантиметри снег, а во Њујорк над 48 сантиметри.
Повеќе од 600.000 објекти се без електрична енергија, а властите воведоа забрана за непотребни патувања додека невремето продолжува.
