УХМР
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
24.02.2026 09:18
Утрото најстудено беше во Берово, а најтопло утрово во Крушево и Виница...

Утрото најстудено беше во Берово, каде се измерени – 3 степени. Во Скопје – Петровец минималната температура изнесуваше – 2 степени, додека – 1 степен е регистриран во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица.
Температура од 0 степени е измерена во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, во Скопје – Зајчев Рид е измерен 1 степен, во Маврови Анови 2, а најтопло утрово било во Крушево и Виница со 3 степени.
На Попова Шапка има 91 сантиметар снежна покривка.
