Финансии

Почнува враќањето на солидарниот данок

24.02.2026 10:49

Од Министерството за финансии информираат дека процесот за поврат е започнат, откако е донесен и објавен во Службен весник правилникот за формата и содржината на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок. Компаниите треба да достават барање за поврат до Управа за јавни приходи.

Државата следниот месец треба да ја исплати првата рата од средствата што компаниите ги уплатија во 2023 година по основ на солидарниот данок.

Од Министерството за финансии информираат дека процесот за поврат е започнат, откако е донесен и објавен во Службен весник правилникот за формата и содржината на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок. Компаниите треба да достават барање за поврат до Управа за јавни приходи.

Со Законот за данок на солидарност беа опфатени 156 компании кои во 2022 година оствариле приход над 615 милиони денари, а во Буџетот во 2023 година уплатија околу 50 милиони евра.

По поништувањето на Законот од страна на Уставен суд, државата се обврза да ги врати средствата. Повратот ќе се реализира во две рати – во март 2026 и март 2027 година.