МВР
Во Струга приведен неготинец осуден на четири ипол години казна затвор за „криумчарење мигранти“
24.02.2026 20:37
Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Вчера во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино.
Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната, соопштуваат од МВР.
