Ван Бастен заврши со тренерската работа
Поранешниот прославен холандски фудбалски ас Марко Ван Бастен ја прекинува тренерската кариера поради срцеви проблеми.
Холандските медиуми јавуваат дека тој по само два месеца ја напушта клупата на АЗ Алкмар, којшто го презеде по две години на тренерската позиција на Херенвен. Кон крајот на август Ван Бастен добил неколку слободни дена, но по лекарски консултации и препораки решил целосно да замине од клубот. Поранешниот напаѓач на Ајакс и на Милан имал тешка срцева аритмија од јули, по смртта на татко му.

Во 1993 година поради хронични повреди Ван Бастен и играчката кариера ја заврши прерано, на возраст од само 28 години. Беше тренер на Ајакс, Херенвен, а четири години, од 2004 до 2008 и селектор на холандската репрезентација.