Притвор за двајца осомничени за подготовка на државен удар и напад врз Александар Вучиќ
Јавното обвинителство во Краљево им одреди притвор до 30 дена на двајцата мажи уапсени под сомнение за подготовка на државен удар и планирање ликвидација на претседателот Александар Вучиќ.

Вишото јавно обвинителство во Краљево им одреди притвор до 30 дена на двајцата мажи уапсени под сомнение за подготовка на државен удар и планирање ликвидација на претседателот Александар Вучиќ.
Според обвинителството, осомничените на возраст од 42 и 51 година, во периодот од декември минатата до февруари годинава, наводно организирале насилна промена на уставниот поредок и планирале набавка на оружје со цел напад врз претседателот, неговото семејство и припадници на МВР.
Против нив се води постапка за подготовка на кривично дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија.
