Киев

Сали на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина

24.02.2026 18:35

Во рамки на посетата, Сали учествуваше на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина. Предвидена е и билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за европска и евроатлантска интеграција, Тарас Качка.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали денеска престојува во официјална работна посета на Украина, каде во Киев ќе оствари средби со високи претставници на украинските институции.

Во рамки на посетата, Сали учествуваше на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина. Предвидена е и билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за европска и евроатлантска интеграција, Тарас Качка.

Во агендата е и средба со претседателката на Комитетот за интеграција на Украина во Европската Унија при Врховна рада, Ивана Климпуш-Цинцадзе, со фокус на парламентарната соработка и размената на искуства во пристапните преговори.

Сали ќе се сретне и со врховниот муфтија на Украина и претседател на Духовната управа на муслиманите на Украина, Ахмед Тамим, при што ќе се разговара за меѓурелигискиот дијалог и улогата на верските заедници во промовирањето на мирот и општествената стабилност.

Посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка и реафирмирање на поддршката на Северна Македонија за суверенитетот, територијалниот интегритет и евроатлантската перспектива на Украина.