Градоначалникот на Скопје оствари средби со амбасадорите на Германија, Италија и Словенија
На средбите, како што соопштуваат од Град Скопје, беа презентирани тековните проекти и развојните планови на Градот, со цел унапредување на Скопје како модерен, безбеден и функционален европски град.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работни средби со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери и амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер.
На средбите, како што соопштуваат од Град Скопје, беа презентирани тековните проекти и развојните планови на Градот, со цел унапредување на Скопје како модерен, безбеден и функционален европски град. Беше истакната важноста од продлабочување на соработката во областа на економијата, културата, образованието, туризмот, управувањето со сообраќајот и одржливото управување со отпадот.
Соговорниците изразија взаемна подготвеност за понатамошна соработка, размена на искуства и реализација на заеднички иницијативи во интерес на граѓаните, стои во соопштението.
