Свет
Во четврток продолжуваат разговорите меѓу Вашингтон и Техеран
24.02.2026 20:22
Шефот на иранската дипломатија Арагчи е оптимист дека постои добра шанса за дипломатско решение...

Во четврток, во Женева продолжуваат разговорите меѓу Вашингтон и Техеран. Шефот на иранската дипломатија Арагчи е оптимист дека постои добра шанса за дипломатско решение. Американскиот претседател Трамп се закани со „многу лош ден“ за Иран доколку не сè се постигне договор.
САД од неодамна го засилија военото присуство во Блиски Исток, а шефот на Белата Куќа неколкупати се закани со ограничени напади поради нуклеарната програма и масовните протести во кои, според Западните медиуми загинале илјадници луѓе.
