Здравство

Грипот спласнува, но има нови закани

24.02.2026 17:34

Акутните инфекции, причина за многу болни ученици. На позитивната страна, ситуацијата со грипот се смирува, иако и времето создава мака, особено кај повозрасните пациенти...

Докторката Анкица Станоевска е задоволна како ја поминавме сезоната на грип, вели имаше заболени, но не како што сме гледале изминативе години. Но вели, фреквенцијата на оние на коишто им треба лекарска помош не се намалува. Промената на времето причина повозрасните граѓани да имаат притисок 200.

Кај децата акутни инфекции причина да не се оди во градинка или училиште и да се побара терапија.

Докторката Станоевска советува витамин Д, пробиотици, избалансирана исхрана и чист воздух се доволни за децата да ни бидат здрави.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски