Претседателот д-р Дарко Костадиновски на средба со амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ
Дарко Костадиновски, денеска оствари средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Северна Македонија, Зоран Миљаниќ.

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, денеска оствари средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Северна Македонија, Зоран Миљаниќ.
На средбата беше потврдено заемното задоволство од развојот на билатералните односи и беше истакната заедничката определба за нивно натамошно продлабочување, преку натамошно унапредување на соработката во областа на уставното судство.
Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Миљаниќ за тековните активности и приоритети во работата на Судот, со посебен осврт на унапредувањето на уставно-судската практика, заштитата на уставноста и законитоста, и на човековите права и слободи, како и транспарентноста, како клучен фактор за подигнување на довербата на граѓаните во правната држава.
На средбата беше нагласено значењето на независноста и самостојноста на уставните судови како суштинска гаранција за владеење на правото и стабилноста на демократскиот капацитет.
