Образование

Дуално образование за поефикасен пазар на труд

24.02.2026 16:12

Дуалното образование е можност и за учениците полесно да дојдат до работа, и за компаниите да го обезбедат неопходниот кадар. Освен во средните училишта, концептот ќе се применува и во високото образование, во втор и трет циклус стручни студии.

Дуалното образование ги дава посакуваните резултати. За 6 години над 13.000 средношколци и 1.000 компании станаа дел од овој концепт. Од Стопанската комора задоволни што средното стручно образование е целосно интегрирано во образованието, а претседателот Азески смета оти тоа е најдобриот модел за создавање на квалификувана работна сила.

По барање на бизнис заедницата, дуалното образование ќе се воведува во високото образование и тоа е предвидено во новиот предлог – закон, вели министерката Јаневска која најави и скратени студии за техничките науки.

Претставниците на компаниите задоволни од воведувањето на концептот.

Дуалното образование беше воведено во 2020 година, почна со една дуална паралелка, по 6 години таа бројка изнесува 875.

 

Викторија Милевска