Трамп: Нема да дозволиме нуклеарно оружје во Иран
Економската агенда доминираше во говорот, за што шефот на Белата Куќа истакна дека направил пресврт за сите времиња за време на првата година од функцијата. Трамп се пофали како ги завршува конфликтите низ целиот свет и дека се работи многу напорно за крај на војната меѓу Русија и Украина

Претседателот на САД со годишно обраќање за состојбата на Унијата на заедничка седница на Конгресот. Економската агенда доминираше во говорот, за што шефот на Белата Куќа истакна дека направил пресврт за сите времиња за време на првата година од функцијата. Трамп се пофали како ги завршува конфликтите низ целиот свет и дека се работи многу напорно за крај на војната меѓу Русија и Украина. За Иран, ја истакна својата желба за мир, но се закани со војна.
„Тие сакаат да склучат договор, но не сме ги слушнале зборовите никогаш нема да имаме нуклеарно оружје“, истакна американскиот претседател.
Во исто време, цените на нафтата паднаа во пресрет на преговорите меѓу САД и Иран во Женева.
„Со децении, политика на Соединетите Американски Држави беше никогаш да не дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Многу децении. Откако ја презедоа контролата врз таа горда нација пред 47 години, режимот и неговите убиствени посредници ширеа само тероризам, смрт и омраза. Мојот избор е да се реши овој проблем преку дипломатија. Но, едно е сигурно, никогаш нема да дозволам најголемиот спонзор на теророт во светот да има нуклеарно оружје“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Доналд Трамп го постави рекордот за најдолг говор за состојбата на Унијата, со времетраење од речиси 1 час и 50 минути, соборувајќи го рекордот на Бил Клинтон од неговото последно обраќање во 2000 година.
