Украина

Зеленски: Нема отстапки од територијата

25.02.2026 10:04

Украинскиот претседател вели дека не е запознаен за објавениот рок во американските медиуми за постигнување договор за прекин на војната до 4 јули, но тврди оти и Украина и САД се решени да постигнат мировен договор.

Украинскиот претседател вели дека не е запознаен за објавениот рок во американските медиуми за постигнување договор за прекин на војната до 4 јули, но тврди оти и Украина и САД се решени да постигнат мировен договор. Зеленски истакна дека е постигнат напредок на неодамнешниот трилатерален состанок меѓу воените претставници во Женева за воспоставување метод за следење на прекинот на огнот. Украинскиот лидер остана на ставот дека нема отстапки за територијалните прашања.

„За време на преговорите, знаете дека имаме тешки прашања, а тие се за територии. Се е околу ова. Дури и нуклеарната централа Запорожје е исто така за територија. За нас, не станува збор за пари, да бидеме искрени. Нуклеарната централа е за принципите и за нашата земја“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

На одбележувањето на четири години од војната, Зеленски рече дека добил уверување од шефицата на Европската комисија, фон дер Лајен, дека Украина ќе ја добие првата транша од заемот од 90 милијарди евра и покрај обидот на Унгарија да го блокира.