Бразил

Жртви и десетици исчезнати во поплавите во Бразил

25.02.2026 15:10

Во тек по силните поплави во југоисточен Бразил, во кои загинаа најмалку 25 лица, а десетици се водат како исчезнати соопштија официјалните лица...

Спасувачките мисии се во тек по силните поплави во југоисточен Бразил, во кои загинаа најмалку 25 лица, а десетици се водат како исчезнати соопштија официјалните лица. Поројните дождови во градовите околу 310 километри северно од Рио де Жанеиро принудија околу 440 жители да се евакуираат.

Службениците ги предупредија жителите да се држат подалеку од областите кои би можеле да бидат склони кон лизгање на земјиштето.

„Работиме на потрагата по жртвите и ќе продолжиме да работиме деноноќно. Операцијата е прецизна, а обемот на инцидентот е значителен“, изјави мајор Деметриус Бастос Гуларт, раководител на операциите за пребарување и спасување.

„Сето ова е одраз на неконтролирано уништување на животната средина, барем според мене. Прво доаѓа гневот кон овој систем – а потоа доаѓа надежта кај луѓето. Само погледнете колку луѓе се обединети тука за да помогнат“, изјави локален жител.

Во исто време, улиците и патиштата на Бали беа поплавени откако индонезискиот остров беше погоден од изобилни дождови во изминатите неколку дена.