УХМР

На Попова Шапка утрово најстудено и најмногу снег

25.02.2026 10:32

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка, најтопло било во Гевгелија...

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка, каде живата на термометарот се спушти до-4 степени Целзиусови.

Под нулата утринава било и во Маврови Анови со-2 степени, како и во Охрид со-1 степен. Нула степени се измерени во Битола и во Крушево, додека 1 степен е регистриран во Берово и Претор.

Во Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка. Во Скопје-Петровец се измерени 2 степени, Струмица и Штип 4 степени, додека 6 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци. Најтопло утринава било во Гевгелија со измерени 10 степени.

Снежна покривка од 89 сантиметри има на Попова Шапка.