Кристијано е подготвен

12.09.2014 15:04

Карло Анчелоти ги уверува навивачите на Реал дека Кристијано Роналдо е подготвен за да игра за Реал во шпанското првенство, иако португалскиот ас го пропушти дуелот со Сосиедад во Примера и оној со Албанија во квалификациите за ЕП.

„Нема никаов проблем, тренира добро. И минатата сезона имаше контузија, но не станува збор за хроничен проблем“, изјави Анчелоти во пресрет на дербито со Атлетико Мадрид. „Нема да ја менуваме стратегијата, ќе играме како што знаеме. Против Сосидад игравме само 30 минути , а натпреварот се состои од 90. Нужно е да ги надминеме грешките, и индивидуалните и колективните“, рече италијанскиот стратег.

Интересна беше и неговата опсервација за играта на Атлетико: „Секој тим има свој стил и за нас е најдобро да го наметнеме нашиот. Тие играат интензивно, тоа е фудбал, а фудбалот не е за ѓоспоѓи, туку за мажи“, илустративен беше Анчелоти.