Култура

Изложба на ДЛУМ „Зимски салон 2026“

25.02.2026 12:26

Биеналната изложба „Зимски салон 2026“ ќе се одржи во Национална галерија на Македонија, во објектот Мала станица, а отворањето ќе биде на 26 февруари со почеток во 20:00 часот.

Во организација на Друштво на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), традиционално се одржува изложбата насловена „Зимски салон 2026“, финансирана од Министерство за култура и туризам при Р.С. Македонија како Национален проект за 2026 година.

Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од реномираната словенечка ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија како и кураторка на многу ликовни проекти, Лилјана Степанчиќ.

Биеналната изложба „Зимски салон 2026“ ќе се одржи во Национална галерија на Македонија, во објектот Мала станица, а отворањето ќе биде на 26 февруари со почеток во 20:00 часот.

Во текот на своето повеќедецениско постоење, „Зимскиот салон“ се етаблира како значајна биенална изложбена структура што ја мапира актуелната состојба на современата визуелна продукција. Тој претставува репрезентативен пресек на авторски практики – од афирмирани творци до нови генерации уметници – кои преку разновидни медиуми, дисциплини и поетики ги артикулираат современите естетски и општествени прашања. Како изложбен формат со историја на храбри концепциски поставки, Салонот функционира како дискурзивно поле во кое уметноста не е само одраз, туку и критички инструмент на општествената реалност. Неговата автономија овозможува простор за истражување, преосмислување и деконструкција на воспоставените норми, отворајќи перспективи кон нови наративи, вредносни системи и облици на изразување.

На изложбата ќе се обратат претседателката на ДЛУМ проф.д-р Јана Манева-Чупоска, претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ проф.д-р Маја Рауниќ Кирков, кураторката Лилјана Степанчиќ од Љубљана Р. Словенија, програмскиот директор на НГМ Мала станица Маја Крстевска. Изложбата за отворена ќе ја прогласи претседателката на Р.С. Македонија проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова како покровител на изложбата „Зимски салон 2026“.