мвр

Во валандовско Јосифово запленет уште еден тон марихуана

25.02.2026 09:28

Се работи за фирмата „Грин Лајф“, една од шесте на кои Владата им ја одзеде лиценцата за работа...

Запленет уште еден тон марихуана од фирма за одгледување медицински канабис во валандовско Јосифово. Се работи за фирмата „Грин Лајф“, една од шесте на кои Владата им ја одзеде лиценцата за работа. По наредба на јавен обвинител од гевгелиското Обвинителство, полициски службеници од СВР-Струмица и ОВР-Валандово извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово, информираа од МВР. 

Заплената е продолжение на акцијата на полицијата започната изминатиот период во која досега беа одземени 40 тони марихуана.