транспорт

Николоски: Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа

25.02.2026 14:30

Министерот за транспорт Александар Николоски истакна дека авиосообраќајот во Македонија бележи значителен раст, со отворање на 22 нови линии што ја поврзуваат земјата со повеќе европски дестинации....

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук-профил објави мапа со воспоставени 22 нови авиодестинации кон Европа од двата домашни аеродроми. 

„Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата, со сè поголем број на патници, стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во периодот што следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот“, напиша Николоски.

Тој најави дека во наредниот период ќе се реализираат дополнителни активности за унапредување на транспортната инфраструктура и понатамошен развој на воздушниот сообраќај.