МВР

Посебен режим на сообраќај во Скопје во четврток, петок и сабота

25.02.2026 18:41

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Во четврток, петок и сабота во официјална посета на земјава ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.