Порошенко: Крим ќе и биде вратен на Украина!

12.09.2014 15:12

Украинскиот претседател Петро Порошенко ветил дека полуостровот Крим, што Русија го анектираше во март годинава, ќе и биде вратен на Украина.

Крим ќе ни биде вратен. И не е потребно тоа да се случи со воени средства, порачал тој од  Киев.

Загубата на Кримскиот Полуостров според него е важен проблем за Украина.

Порошенко се надева дека неговата земја ќе добие специјален статус во НАТО, а тоа како што изјавил ќе се случело за време на неговата посета на САД следната недела.

Тој ги поздравил и новите санкции против Русија  кои  ја демонстрирале солидарноста на Унијата кон Киев.