Безбеден град: Вчера 526 прекршоци, првпат без ниту едно минување на црвено
Најголем дел од прекршоците, односно 504, се однесуваат на управување со возило со брзина поголема од дозволената, додека 22 прекршоци се регистрирани за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола.
Првпат откако функционира системот „Безбеден град“, на 24 февруари 2026 година не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло.
Според податоците од системот „Безбеден град“, на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери, во текот на денот се евидентирани вкупно 526 сообраќајни прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи со странски регистарски таблички.
Најголем дел од прекршоците, односно 504, се однесуваат на управување со возило со брзина поголема од дозволената, додека 22 прекршоци се регистрирани за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола.
Изречени се и 17 мерки „забрана за управување со возило“, сите поради пречекорување на дозволената брзина. Од нив, 13 се за возење со брзина поголема од 80 километри на час во населено место, а четири мерки се за пречекорување на ограничувањето за повеќе од 100 километри на час.
Во рамки на дозволеното отстапување во брзината на движење, толерирани се 3.336 возачи.
