ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Од денеска влез во Велика Британија само со патни дозволи

25.02.2026 19:27

Ова правило важи за сите кои досега немаа потреба од виза за влез, вклучувајќи државјани на САД, Канада, Австралија и сите земји членки на ЕУ...

Од денеска, Велика Британија спроведува строга примена на новите правила за влез во земјата кои бараат од посетителите од 85 земји да обезбедат електронска дозвола за патување. Ова правило важи за сите кои досега немаа потреба од виза за влез, вклучувајќи државјани на САД, Канада, Австралија и сите земји членки на ЕУ.

Дозволата се купува преку интернет и чини 16 британски фунти. Од овој услов се ослободени само британските и ирските државјани, како и лицата кои веќе имаат регулиран престој во Британија.

Мерката е во рамки на пошироките гранични промени по БРЕГЗИТ, додека истовремено и ЕУ воведува слични дигитални проверки за Британците кои влегуваат во Унијата.