Вчера лишени од слобода осум возачи поради возење без возачка, со активна забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и по еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и по еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол, информираат одс МВР.
Тројца возачи од Тетово, од кои еден малолетник, и по еден во Куманово, Струмица и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Струга управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и еден возач во општина Илинден управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.
