„Лучо“ сака да загубат и Реал и Атлетико
Луис Енрике беше хумористично настроен во пресрет на дербито од шпанскиот фудбалски шампионат меѓу мадридските ривали Реал и Атлетико. „Посакувам да загубат и едните и другите. Проблем е што нема начин тоа да се случи“, шегобијно изјави тренерот на Барселона, но не најави дали реми е најпосакуван резултат за него од дербито.
„Ми се допаѓа политиката на Атлетико да форсираат млади играчи, но и начинот на којшто играат. Тие се најдобри во длабокиот пресинг“, смета популарниот „Лучо“.

Во пресрет на утрешната пресметка со Атлетик Билбао, предводникот на Барселона се пожали на тоа што со екипата одржал само два тренинга. Тоа е поради настапите на најголемиот број играчи на Барселона за своите репрезентации во квалификациите или во пријателските натпревари. „Меси е добар и подготвен за настап. Нејмар е во оптимална кондиција и се надевам дека ќе го видам најдоброто од него“, рече Луис Енрике.