Собрание

Не помина предлогот за минималец од 600 евра

25.02.2026 17:33

Мнозинството пратеници 63 од 82 во салата се изјаснија дека не го поддржуваат Предлог-законот за зголемување на минималната плата поднесен од пратениците на СДСМ...

Мнозинството пратеници 63 од 82 во салата се изјаснија дека не го поддржуваат Предлог-законот за зголемување на минималната плата поднесен од пратениците на СДСМ. Владата треба да биде активен преговарач – порача пратеничката Тренческа на собраниската расправа. Инфлацијата го јаде семејниот буџет, велат опозициските пратеници.

Законот и методологијата за пресметка на платите се по предлог на тогашната власт, сега опозиција, велат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат, зголемување има и ќе има, но со економска оправданост, а не нереално покачување како во минатото што доведе до висока инфлација.

Од ССМ оставија простор за договор помеѓу Владата и работодавачите за минималната плата. Доколку нема, најавуваат масовни протести од први март.

Александра Велинова