Шампионски дуел во СЕХА
Одново Сеха, не е лига на шампиони, но е голем предизвик особено кога меѓусебе играат екипи што партиципираат во елитното европско натпреварување. Можеби не е приоритет но големото дерби меѓу Вардар и Металург го потврди ривалитетот и во регионалното натпреварување каде што никој не сака да биде поразен.

Одново Сеха, не е лига на шампиони, но е голем предизвик особено кога меѓусебе играат екипи што партиципираат во елитното европско натпреварување. Можеби не е приоритет но големото дерби меѓу Вардар и Металург го потврди ривалитетот и во регионалното натпреварување каде што никој не сака да биде поразен. Нема причина да биде поинаку и утре во Веспрем каде што актуелниот победник на Сеха, екипата на Вардар одбраната на трофејот ќе ја продолжи со уште еден голем натпревар против унгарскиот шампион и екипа со која црвено црните ќе играат и во лигата на шампионите кон средината на ноември, па не е за очекување дека двата тима ќе калкулираат во меѓусебната пресметка или ќе кријат дел од адутите. Така беше и во досегашните три настапи на двата тима кои ја предводат табелата со по три победи, сигурно посакуваат да останат на врвот , но и да ја подигнат формата на 15 дена до стартот во лигата на шампионите.
Плејадата ѕвезди во двата состава е дополнителен аргумент за голем натпревар како и шпанската пресметка на стратезите на двата клуба, Раул Гонзалес и Антонио Карлос Ортега. Вардарци без Лацковиќ и Терзиќ се свесни за предизвикот во чиј состав речиси и да нема непокриени позиции со квалитетни играчи од рангот на Иванчик,Угалде, Наѓ,Цајтц,Илиќ,Сулиќ,Миклер,Алиловиќ и многу други. Пресметката на двата клуба со големи аспирации во сите натпреварувања ќе ја следиме утре од 16 часот на првиот програмски сервис, а ракометната вечер ќе продолжи во 20часот и 15 минути во спортскиот центар Борис Трајковски со натпреварот меѓу Металург и Раднички во кој според најавите од македонскиот шампион шанса за настап ќе добијат младите играчи како Нелоски, Талески , Пешевски,Липовина, Циндриќ и други.
