Македонија

Заев бара еден милион денари од д-р Жан Митрев и пратеникот Петрушевски, ги тужи за клевета

25.02.2026 17:52

Тужбите се поднесени до Струмичкиот суд, а вредноста на секоја од нив изнесува 500 илјади денари...

Поранешниот премиер, Зоран Заев поднел тужби за клевета и за нарушување на честа и на угледот против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и доктор Жан Митрев. Тужбите се поднесени до Струмичкиот суд, а вредноста на секоја од нив изнесува 500 илјади денари. Петрушевски е тужен за изјава за запленета марихуана од фирма, чијшто сопственик како што рече е близок до Заеви, а Митрев за наводните обиди за преземање на неговата болница од страна на Заев и Филипче.

Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата, изјави Заев, додавајќи дека евентуалниот надоместок од добиените тужби ќе го донира за деца без родители и за лица со посебни потреби.

Петрушевски, пак, вели – тужбата за клевета нема да ја сокрие вистината, и додаде дека тој стои зад секој јавно изнесен збор со аргументи, кои ќе ги соочат во судница.