Собрание

Ќе се намалат функционерските плати, Собранието експресно го донесе пакетот закони

25.02.2026 21:02

Функционерските плати ќе се намалуваат. Собранието вечерва ги изгласа предлог – законите за намалување на коефициентите за пресметка. Експресно минаа низ собраниските процедури...

Се намалуваат коефициентите за пресметка на платите на јавните функционери. Собранието експресно го донесе пакетот закони, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, со кои се нивелираат примањата на избраните и именуваните лица: пратениците, извршната власт, судиите, обвинителите, градоначалниците. Предлагачот рече дека платите ќе се намалат од 10 до 13 илјади денари.

Тешката ситуација на граѓаните не се ублажува со тоа што се намалуваат платите на функционерите, критикуваше пратеникот Скендер Реџепи, кој предложи – колку што ќе се намали платата на пратениците за толку да се зголеми платата на граѓаните.

Функционерските плати пред неколку години пораснаа за 78% по укинувањето на замрзнатиот коефициент што предизвика бура реакции во јавноста.

 

Ана Јосифоска