Одбележување

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

26.02.2026 08:18

Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље...

Денеска се одбележуваат 22 години од авионската несреќа во Мостар во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље.

Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски во градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во Струмица.