Македонија
Во Собранието седница за пратенички прашања
26.02.2026 08:19
Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.

Во Собранието денеска ќе се одржи 86-та пленарна седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.
Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.
Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието Африм Гаши со новинарите.
