Свет

Нова рудна разговори меѓу САД и Иран

26.02.2026 08:31

Средбата се одржува во време додека американските претставници ги засилуваат своите воени закани со преместување повеќе авиони и воени бродови на Блискиот Исток.

Иран и САД денеска, во Женева, на трета рунда нуклеарни преговори. Според американска страна, не се очекува пробив во дебатата. Средбата се одржува во време додека американските претставници ги засилуваат своите воени закани со преместување повеќе авиони и воени бродови на Блискиот Исток. Потпретседателот Венс го повтори ставот на претседателот Трамп-Иран не може да има нуклеарно оружје.

„Принципот е многу едноставен. Иран не може да има нуклеарно оружје. Ако се обидат да го обноват нуклеарното оружје, тоа ни предизвикува проблеми. Всушност, видовме докази дека се обиделе да го сторат токму тоа. Значи, претседателот ги испраќа тие преговарачи да се обидат да го решат тој проблем. Како што претседателот постојано повторува. Тој сака да го реши тој проблем дипломатски, но секако има и други опции“, изјави Џ.Д. Венс, потпретседател на САД.

Еден ден пред новата рунда преговори помеѓу САД санкционирани се 30 поединци, компании и бродови во сенка на Иран.