Воен конфликт
Разговор Трамп-Зеленски во пресрет на преговорите со Русија
26.02.2026 10:00
На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Виткоф и зетот на Трамп, Кушнер.

Трамп и Зеленски разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија. Украинскиот претседател соопшти дека зборувале за прашањата што ќе бидат тема на денешните билатерални разговори во Швајцарија.
На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Виткоф и зетот на Трамп, Кушнер. Трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани се за почетокот на март.
Војната влезе во петата година. Нападите продолжуваат.
