Бразил и Русија најблиску до третата фаза!
На две кола до крајот на втората фаза се уште теоретски нема репрезентација којашто обезбедила трет круг, не се тоа нити досега непоразените Бразил и Русија.

На две кола до крајот на втората фаза се уште теоретски нема репрезентација којашто обезбедила трет круг, не се тоа нити досега непоразените Бразил и Русија.
Саботното трето коло од втората рунда нуди варијанти четири репрезентации да ги резервираат позициите од вкупно шесте во четвртфиналните групи. Во Е конкуренцијата, наједноставната варијанта е лидерот Франција да ја совлада Србија, но не во пет сета, истото тоа да го направи и второпласираната Полска против директниот конкурент Иран, но и да се случи изненадување, Американците кои се четврти, да не ја победат отишаната Австралија или, пак да загубат два сета.
Со оглед на изедначеноста на групата, ниту домаќинот, ниту триколорите не се фаворити против азискиот шампион, односно против Србија, па евентуални успеси на овие две репрезентации ќе го направат завршното коло супер - интересно со можност и поен количникот да решава.
Многу почиста е ситауцијата во сегментот Ф. Финалистите од последната Олимпијада Бразил и Русија утре можат да ја направат меѓусебната пресметка во недела, неважна околу учеството во третата фаза. За тоа е потребно, тројниот по ред светски шампион, Бразил да слави против четвртопласираната Канада, а олимпискиот првак Русија да биде подобар од Германија којашто во моментов е трета. Во таков случај којшто е многу реален, во последното коло за пласман меѓу најдобрите шест репрезентации ќе одлучува пресметката меѓу Германија и Канада со тоа што на Европјаните би им одговарал и пораз во пет сета.
Преносите од утрешните два најинтересни меча ќе бидат на МРТ собранискиот сервис, 16 часот и 40 минути Србија – Франција и во 20 и 25, Германија – Русија.
