Се истражува напад на брод во водите на Куба
Имено глисер кој пристигнал од Флорида отворил оган кон брод на кубанската крајбрежна стража, по што следувала возвратна престрелка.

Крајбрежната стража на САД ќе го истражува нападот во кој загинаа најмалку четири лица, а шест се повредени во територијалните води на Куба. Имено глисер кој пристигнал од Флорида отворил оган кон брод на кубанската крајбрежна стража, по што следувала возвратна престрелка.
„Нема да шпекулирам што би можело да биде. Станува збор за широк спектар на работи. Доволно е да се каже дека е многу невообичаено да се видат престрелки на отворено море како тоа. Не е нешто што се случува секој ден. Искрено, тоа е нешто што не се случило со Куба многу долго време. Но, ќе откриеме. Нема да ги базираме нашите заклучоци на она што ни го кажаа. И сум многу, многу уверен дека наскоро ќе ја знаеме целата приказна за тоа што се случи“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
Инцидентот доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Хавана, особено поради нафтеното ембарго и блокадата на испораките на нафта од Венецуела. Највисокиот американски дипломат вели дека кубанската влада мора да направи драматични реформи што ќе отворат простор за економска и евентуално политичка слобода за народот на Куба.
