Вонредна состојба во Перу поради поплавите
Повеќе од 700 области низ брегот на Пацификот, Андите и Амазон сега се во вонредна состојба.

Перу прогласи вонредна состојба во речиси половина од областите во земјата по изобилните врнежи од дожд, лизгање на земјиштето и поплави предизвикани од зголемувањето на температурата на океанот, што властите го поврзуваат со климатскиот феномен Ел Нињо. Повеќе од 700 области низ брегот на Пацификот, Андите и Амазон сега се во вонредна состојба.
„Прогласување вонредна состојба во неколку области и покраини поради штетите предизвикани од изобилните дождови. Овие прогласувања за вонредна состојба, активираат низа придобивки за областите кои се инволвирани“, изјави Денис Мираљес, претседател на Советот на министри на Перу.
Властите објавија дека 68 лица починале поради причини поврзани со дождот од декември. Водите на Пацификот се затоплуваат и се очекува бурата да се зајакне во март.
