Филолошкиот факултет

Свеченост во чест на 80 години Македонска граматика

26.02.2026 09:27

Првата граматика за учебник во средните училишта е објавена на 24 јануари 1926 година. Решението го донесе Министерството за народна просвета на Македонија...

Во чест на 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески, денеска во 12 часот во салата за седници при Филолошки факултет „Блаже Конески“ ќе се одржи свечен час.

Ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителката на Катедрата за македонски јазик проф. д-р Искра Пановска – Димкова.

Пригодни обраќања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска.

Првата граматика за учебник во средните училишта е објавена на 24 јануари 1926 година. Решението го донесе Министерството за народна просвета на Македонија.