САД

Бил и Хилари Клинтон ќе сведочат во случајот Епстин

26.02.2026 14:44

Врските на Клинтонови со починатиот осуден престапник беа откриени во објавувањето на документите од страна на Министерството за правда на САД...

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон денеска и утре треба да сведочат во истрагата на Претставничкиот дом за Џефри Епстин. Врските на Клинтонови со починатиот осуден престапник беа откриени во објавувањето на документите од страна на Министерството за правда на САД. Сведочењето ќе биде снимено, а персоналот на Ррепубликанскиот комитет планира да ги објави видеата во рок од неколку дена.

Жртвите на Џефри Епстин и нивните адвокати веруваат дека е важно Клинтонови, особено поранешниот претседател, да сведочат.