ДЛУМ

Изложба „Зимски салон 2026“ вечерва во „Мала станица“

26.02.2026 11:02

Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија, како и кураторка на многу ликовни проекти Лилјана Степанчиќ...

„Зимски салон 2026“, изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“.

Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија, како и кураторка на многу ликовни проекти Лилјана Степанчиќ.

Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како покровител. Ќе се обратат претседателката на ДЛУМ Јана Манева – Чупоска, претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ Маја Рауниќ Кирков, кураторката Лилјана Степанчиќ од Љубљана и програмскиот директор на НГМ „Мала станица“ Маја Крстевска.